Освојувачот на златниот медал со Словенија на Евробаскет 2017 замина во пензија

Натурализираниот репрезентативец на Словенија, Ентони Рендолф на социјалните мрежи објави дека заминува во пензија на 35-годишна возраст.

Рендолф во 2008 година беше одбран како 14-ти пик на НБА драфтот, а и покрај тоа што во најсилното кошаркарско првенство настапуваше за Голден Стејт, Минесота и Денвер успехот го доживеа во Европа каде се наметна како еден од најдобрите кошаркари на својата позиција.

Крилниот центар во 2014 година потпиша за Локомотив Кубањ, а од 2016 година беше дел од Реал Мадрид со кој освои две шампионски титули во Евролигата.

Со репрезентацијата на Словенија го доживеа најголемиот успех во 2017 година кога како еден од најдобрите во тимот заедно со Драгиќ и Дончиќ ја предводеа поранешната југословенска држава до златниот медал.

Се вчитува...