Неверојатниот пад на кариерата на еден фудбалер на Баерн Минхен, доведе до тоа на 33-годишна возраст да потпише договор со аматерскиот германски тим, Ашхајм.
Станува збор за Диего Контенто, некогашниот голем талент на „Баварците“ кој цели 19 сезони ги мина во овој тим како младинец, а потоа и во сениорскиот тим. Левиот бек освојуваше титули со тимот од Минхен дури три, има три Купа, има и титула во Лигата на шампионите во 2013, како и светско клупско првенство, а во 2014 година го напушти тимот на Баерн.
Потоа играше во Бордо четири години, а во 2018 година се врати во Германија и потпиша за Фортуна Дизелдорф. Во сезоната 20/21 беше дел од Сандхаузен, после тоа објави крај на кариерата. Меѓутоа по две години му се враќа на фудбалот и сега ќе игра за аматерскиот клуб од Баварија.
Инаку името Диего му било дадено по легендарниот Диего Армандо Марадона, затоа што татко му бил роден во Неапол, и бил страстен навивач на овој тим. Своевремено додека играше за младите категории, за него се бореа Германија и Италија, меѓутоа тој на крајот се одлучи за Германија. Има настапи само за младите селекции, и еден повик за сениорите, но истиот беше одбиен поради повреда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

