Одбранбениот фудбалер на Манчестер Сити, Николас Отаменди на крајот на сезоната ќе го напушти клубот, пренесуваат англиските медиуми. Аргентинецот на „Етихад“ стигна во 2015 година од редовите на Валенсија за сума од 45 милиони евра.
Отаменди сезонава не игра на потребното ниво, поради што тимот од Манчестер ќе се обиде да се реши од него на крајот од сезоната. Тоа нема да биде проблем бидејќи и тој пред некое време сам покажа желба да го напушти англискиот клуб и да се врати во Аргентина. 32-годишникот ја напушти родната земја пред десет години кога обезбеди трансфер во португалскиот Порто. Тој сега е пред враќање во Аргентина од каде за него е заинтересиран Ривер Плејт.
Тој потекнува од младинските школи на Велез Сарсфилд, а во кариерата настапуваше и за Порто, Атлетико Мадрид, Валенсија и Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

