Отаменди го продолжи договорот со Бенфика

Николас Отаменди го продолжи договорот со Бенфика.

Аргентинецот го продолжи договорот за уште една сезона, односно до јуни 2026 година.

„Бенфика и дефанзивецот Николас Отаменди се договорија за продолжување на договорот за уште една сезона. Новиот договор на капитенот сега е со важност до 2026 година“, се вели во објавата на клубот на социјалните мрежи.

Отаменди пристигна во Бенфика во 2020 година по пет години минати во Манчестер сити. Со оваа дополнителна сезона на која се обврза со Бенфика ќе стане клуб со најдолг стаж на Отаменди.

Се вчитува...