Барселона е во интензивна потрага по ново засилување во одбранбената линија. Здравствената состојба со Самуел Умтити се уште не е најпрецизна и тренерот Ернесто Валверде сака да има уште најмалку една опција за централен дефанзивец. Изборот е изненадувачки, аргентинскиот интернационалец Николас Отаменди од Манчестер сити. Каталонскиот гигант е подготвен да плати 30 милиони фунти, а „граѓаните“ бараат 5 милиони повеќе.
Николас Отаменди оваа сезона има 18 настапи за тимот на Пеп Гвардиола, но само на осум беше стартер. Во потрага по поголема минутажа тој би се сложил да се пресели на „Камп Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА