Аргентинскиот интернационалец Николас Отаменди во зимскиот преоден рок ќе го засили Милан како позајмен играч од Манчестер Сити, откриваат медиумите на Апенините. Раководствата на двата клуба се согласиле за шестмесечна позајмица, а потоа Милан ќе може да достави и понуда за комплетно откупување на договорот за дефанзивецот.
Отаменди оваа сезона има мала минутажа во составот на Пеп Гвардиола. Одигра вкупно 14 натпревари во сите конкуренции и постигна два гола.
Аргентинецот пристигна во Манчестер Сити во 2015 година од Валенсија за 44,5 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА