Судија Ентони Тејлор и во иднина ќе ја дели правдата на натпреварите на Челси, пренесуваат англиските медиуми. Здружението на професионални судии и Фудбалската федерација на Англија не планираат да ги поддржат жалбите на Томас Тухел и застанаа на страната на Англичанецот.
Германскиот стратег беше бесен по натпреварот против Тотенхем во кој головите на лондонскиот ривал дојдоа по спорни ситуации. На првиот гол му претходеше прекршок над Каи Хавертц, а пред одлучувачкиот корнер Кукуреља беше повлечен за коса.
Ова не е прв пат одлуките на Ентони Тејлор да го оштетат Челси. Така беше и во минатото, а симпатизерите на „сините“ направија и компилација од одлуките на „џелатот“ во текот на годините.
Anthony Taylor vrs Chelsea 🙆🙆🙆🙆
— George Addo Jnr (@addojunr) August 15, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

