Еден од најдобрите дефанзивци на 21 век, стоперот кој се прослави како фудбалер на Реал Мадрид, Серхио Рамос, наводно е блиску до тоа да стане нов фудбалер на Њукасл.
Како што пренесуваат англиските медиуми, преговорите меѓу Рамос и тимот од Сент Џејмс Парк се во напредна фаза, а според некои извори, платата на Шпанецот со сите бонуси би можела да изнесува неколку милиони евра.
Рамос се поврзуваше со враќање во „кралскиот клуб“ кој се бори со повреди на дефанзивците, но претседателот на клубот Флорентино Перес го отфрли тоа како можност.
Реал моментално ги скаутира Лапорте од Ал Наср, Лукеба од Лајпциг како и Џонатан Та од Леверкузен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА