Иан Матсен нема да потпише за Борусија Дортмунд. Позајмениот играч од Челси, се враќа во лондонскиот клуб, но ќе остане во Премиерлигата, и ќе потпише за Астон Вила. Борусија Дортмунд е далеку од договор со лондонските „сини“, и затоа сега се врти кон друг играч.
Станува збор за турскиот репрезентативец Ферди Кадиоглу, кој игра во Фенербахче. Турчино се наоѓа со својата репрезентација на ЕВРО 2024 и се очекува да добие шанса на следниот меч со Чешка и тоа токму во Дортмунд.
Кадиоглу настапуваше за младите селекции на Холандија, а од 2022 година се одлучи да игра за Турција. За сениорската селекција има 16 настапи и еден гол. Тој играше во Холандија во НЕЦ Нијмеген, пре да дојде во Фенербахче.
Најголем адут за потписот на Кадиоглу е тренерот Нури Сахин кој во минатото играше за турската репрезентација, а беше тренер во Анталијаспор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА