Сплитски Хајдук и официјално потврди дека го раскина договорот со репрезентативецот Иван Перишиќ.
Како што пренесува „Индекс“, Хајдук му дал одврзани раце на Перишиќ во потрага на нов клуб, но согласно договорот фудбалер сега сам си ја платил висината од 200.000 евра за да си ја добие слободата.
Хрватскиот репрезентативец имаше клаузула во договорот според која од 29 август 2024 година би можел да го напушти Хајдук за 200.000 евра. Со оглед на тоа што синоќа пропадна трансферот во Комо, кој требаше да ја плати отштетата, сега истата ја покрил самиот Перишиќ за да биде слободен.
Хајдук нема да ја гледа ниту Европа оваа есен, откако беше елиминиран во третото прелиминарно коло на Конференцистака лига од словачкиот Ружомберок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА