Откако не им успеа со Несторовски, Сампдорија се засили со екс напаѓач на Реал

Сампдорија оваа зима беше заинтересиран за услугите на Илија Несторовски од Удинезе. Долго време се шпекулираше дека македонскиот голгетер ќе ја засили екипата од Џенова во обидот да дојде до опстанок во Серија „А“, но на крајот Несторовски остана на „Фриули“, а Сампдорија си најде напаѓач со кој ќе го напаѓа опстанокот.

Дејан Станковиќ го ангажира екс фудбалерот на Реал Мадрид и ПСЖ, Хесе Родригез. Тој веќе е во Џенова и ќе потпише со тимот до крајот на сезоната, со можност да го продолжи договорот на уште една во зависност од тоа дали ќе опстане тимот. Тој доаѓа бесплатно.

Хесе последно настапуваше во Анкарагучу, тим кој го напушти после само 16 меча и пет постигнати голови. Со Реал двапати ја освои Лигата на шампионите, а вкупно за „кралевите“ постигна 18 голови во 94 меча. Во ПСЖ играше само 18 меча и постигна два гола.

Се вчитува...