Спортскиот директор на ПСЖ Луис Кампос, ќе добие отказ пред почетокот на сезоната, пишуваат француските медиуми. Кампос е мета на бројни критики, и тоа после само една сезона откако му беше доверена работата да го стабилизира и унапреди тимот на францускиот првак.
Најпрво немаше можност да го задржи Меси, а не го продолжи договорот со Килијан Мбапе. Клубот веројатно ќе мора да го продаде најдобриот стрелец на минатото Светско првенство, и тоа само неколку недели откако го загуби најдобриот во светот.
Кампос од 2012 до 2013 година беше скаут во Реал Мадрид, после се пресели во Монако, а потоа и во Лил. Работеше и во Галатасарај, Селта Виго и во неколку португалски клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА