Отказ за Бјелица, Барди доби нов тренер

Трабзон денеска и официјално ја потврди разделбата од Ненад Бјелица, објавувајќи дека хрватскиот стратег повеќе нема да седи на клупата на поранешниот турски првак за кој настапува и македноскиот репрезентативец Енис Барди.

Бјелица беше доведен во клубот јасно ставајќи ги до знаење шампионските амбиции, а откако по осум кола Трабзон веќе заостанува 12 бода зад лидерот Фенербахче, управата на клубот реши да се раздели од Хрватот.

„Договорот меѓу клубот и тренер Ненад Бјелица, кој важеше до 31 јули 2025 година, е раскинат“, објави Трабзонспор.

Наследник на хрватскиот стратег според најавите ќе биде Абдула Авчи, тренерот кој го водеше Трабзон до последниот шампионски трофеј. Тој седеше на клупата на Трабзон до март 2023 година, кога си замина од кормилото поради лични причини. Десет месеци подоцна, Авчи е подготвен за камбек, а останува да се види како тоа ќе се одрази врз статусот на Барди, кој беше стандарден кај Бјелица на стартот од сезонава.

Се вчитува...