Бојан Миовски во текот на утрешниот ден би требало да добие нов тренер откако управата на Глазгов Ренџерс целосно ја загуби довербата во актуелниот менаџер Расел Мартин.
Шкотскиот гигант катастрофално ја стартуваше сезоната со само една победа во првите седум рунди од домашното првенство, елиминација во квалификациите за ЛШ и слаби резултати во Лигата на Европа. Глазгов Ренџерс веќе заостанува 11 бода на табелата зад вечниот ривал Селтик, а чашата со незадоволство беше прелиена на денешното реми со Фалкирк, на кое Миовски даде гол за водство од 0-1, но домаќините до крајот сепак успеаја да го израмнат резултатот на конечните 1-1.
Фановите беа бесни, па Мартин мораше со полициска придружба да го напушти стадионот. Дури и на клупските директори кои му дадоа и повеќе „кредити“ на овој стратег од нормални услови, им стана јасно дека Мартин нема капацитет да го разбуди тимот, по што е донесена одлуката за тренерска смена.
Истата ќе биде официјализирана во текот на утрешниот ден, кога се очекува да бидат познати и главните кандидати за наследникот на Мартин, можеби и потпишан договор со новиот предводник на Глазгов Ренџерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

