Отказ за Сидорф: Тој не може да биде тренер

Кларенс Сидорф повеќе не е селектор на Камерун откако оваа репрезентација беше елиминирана од Нигерија во раната нокаут-фаза од Купот на Африкански Нации. Камерунците дојдоа на шампионатот во Египет како бранители на трофејо, но не одговорија на предизвикот, па Сидорф доби отказ заедно со својот најблизок соработник, поранешниот голгетер Патрик Клајверт.

Министерот за Спорт на Камерун, Нарсис Муел Комби, жестоко го критикуваше поранешниот холандски репрезентативец, коментирајќи дека тој не е доволно добар за да биде тренер.

„Загубивме затоа што немавме предводник на клупата, сега увидовме дека Сидорф не може да биде тренер. Тој беше најплатен селектор на ова натпреварување, но не покажа капацитет да менаџира со репрезентацијата и да одржи дисциплина во групата“ – изјави Комби.

Се вчитува...