Машкиот спуст во Гармиш Партенкирхен е откажан поради лоши временски услови. Меѓународната скијачка федерација (ФИС) одлучи оваа година да не се одржи спустот во машка конкуренција. Поради обилните врнежи на снег, организаторите не беа во можност да ја подготват патеката за денешното натпреварување.
„Снежните врнежи не дозволуваат да се одржи натпреварувањето, и спустот во Гармиш Партенкирхен е откажан“, објавија од ФИС.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА