Нико Ковач повторно се „тресе“ за својата судбина како тренер на Баерн Минхен, откако катастрофалниот пораз од Ајнтрахт од 5-1 придонесе повторно да се создаде огромен притисок да дојде до смена на хрватскиот стратег.
Дел од првотимците предводени од Томас Милер не се задоволни од неговата работа, многумина обвинуваат дека неговите методи за тренинг придонеле да дојде до чести повреди меѓу фудбалерите, но најважно од се е што баварскиот гигант игра крајно променливо, па владее впечатокот дека Ковач не успева да го извлече максимумот од скапо платените „ѕвезди“.
Весникот „Билд“ утрово објави дека Хрватот ќе добие уште една шанса, но попладнево пристигна информација дека е откажан закажаниот тренинг на баварскиот гигант. Засега нема официјално објаснување зошто, но лесно може да се случи ова да биде увод за тренерска смена во следните 24 часа. Баерн го очекува меч од ЛШ во Минхен против Олимпијакос, но Ковач би можел да не биде тренер на германскиот првак до тој натпревар.
Доколку дојде до тренерска смена, главни фаворити за предводници на баварскиот гигант се Масимилијано Алегри и Жозе Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА