Четвртиотбалон за оваа сезона во регуларниот дел од АБА2-лигата што требаше да се игра од 17 до 23 јануари во Бања Лука е одложен за петнаесетина дена.
Причината е добро позната, енормното ширење на коронавирусот на територијата на поранешна Југославија, поради што челниците на регионалното натпреварување сметаа дека ризикот по здравјето на кошаркарите е огромен, доколку излезат на мегдан во текот на овој месец.
Неофицијално, новиот термин за одигрување на овој четврти „балон-турнир“ е 6 до 12 февруари. Петтиот и последен турнир во регуларниот дел од АБА2 ќе биде Широки Бријег во месец март.
По седум одиграни кола, МЗТ Скопје моментно се наоѓа на втората позиција со шест победи и еден пораз, додека Пелистер е претпоследен на 13. позиција на табелата со еден триумф и шест порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА