Челниците на Формула 1 одлучија да ги прекинат сите активности околу трката во Имола, која требаше да се вози престојниот викенд. Во северниот дел на Италија во моментов има големи поплави, кои однесоа и човечки животи, па првите луѓе на Ф1 се одлучина на ваков чекор. Челниците упатија сочувство до починатите од поплавите кои се случија на северот на Италија, и напоменаа дека трката е откажана.
Претходно прмиерот на Италија, Матео Салвини се обрати на челниците на Формула 1 да се одложи трката. Салвини напомена ека во овој момент италијанската нација е насочена кон тоа да се намалат последиците од катастрофалните поплави во кои досега загинаа три лица, а неколку илјадници се евакуирани.
Засега не е соопштено дали трката некогаш ќе биде организирана, но се поизвесно е годинава да нема Ф1 трка во Имола поради направениот календар предвреме.
The decision has been taken not to proceed with the Grand Prix weekend in Imola#EmiliaRomagnaGP #F1 pic.twitter.com/4taauGnFEA
— Formula 1 (@F1) May 17, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА