Откажана и ГН на Јапонија во Мото ГП

После Австралија и Велика Британија годинава Мото ГП нема да има и во Јапонија, пренесува Дорна. Одлучено е да биде откажана ГН на Јапонија која требаше на 18. октомври да се вози на патеката Мотеги. Оваа трка во календарот е од 1999 година, а повторно во Јапонија ќе се вози следната година.

„Се подготвуваме да има трка во Јапонија, но ситуацијата е непредвидлива во Азија и Европа и се очекува да продолжи забраната за патување. Како резултат на нашите разговори со Дорна се сложивме ГН да биде откажана. Сфаќаме дека ова е големо разочарување за сите, но во моментов здравјето е најважно“, изјави претседателот на трката Каору Танака. 

Сезоната во Мото ГП ќе почне на 19. јули кога ќе се вози првата од двете трки во Херез.

Се вчитува...