Откажана машката слаломска трка на Слјеме

Светската скијачка федерација го откажа слаломот во машка конкуренција кој требаше да се вози денеска на Слјеме близу Загреб. Организаторите дадоа максимум да успеат да ја доведат патеката во добра состојба, но не упсеаја, па поради тоа од ФИС одлучија тој да биде откажан.

За потсетување и вчерашниот слалом во женска конкуренција помина со големи проблеми, но на крајот сепак успеа да биде одржан. Триумфираше Петра Влхова од Словачка пред најголемата ривалка, Американката Микаела Шифрин.

 

Се вчитува...