Светската скијачка федерација поради силниот ветер мораше да ги откаже и супервелеслаломските трки на завршницата од Светскиот куп која се одржува во швајцарскиот Лензерхајде.
По вчерашното откажување на спуст трките, денеска организаторите мораа да го откажат и супер-џито во машка и женска конкуренција, што дава голема предност за Петра Влхова и Алексис Пантуро во борбата за големиот кристален глобус, пред најголемите ривали Лара Гут Бехрами и Марко Одермат.
Во пласманот за супервелеслалом малиот кристален глобус во машка конкуренција му припадна на Винсент Крихмајер, додека кај дамите го освои Лара Гут Бехрами.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА