За жал последните спуст трки во машка и женска конкуренција во Светскиот куп во алпско скијање кои требаше да се возат во Американскиот Сан Воли се откажани.
Поради лошите временски услови кои го зафатија градот во Ајдахо, Светската скијачка федерација одлучи поради безбедност на скијачите да ги откаже последните два спуста.
Тоа значи дека со малиот кристален глобус се закитија Марко Одермат во машка конкуренција и Федерика Брињоне во женска конкуренција, алпски скијачи кои на крајот од сезоната ќе го кренат и големиот кристален глобус во двете конкуренции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА