Откажано финалето во Дубаи, и тоа не поради бомбардирањето

Воениот напад на Израел и САД на територијата на Иран предизвика хаос во регионот, а опасноста за ширење на конфликтот придонесе да почнат да се откажуваат и спортски настани во околните држави.

Меѓу другото, нема да биде одиграно ниту големото финале на тенискиот турнир во Дубаи во кое требаше да се сретнат Данил Медведев и Талон Грикспор, но причина за ова откажување не е сигурносниот ризик, туку повреда на еден од финалистите.

Холанѓанецот Грикспор играше одлично цел турнир, но рано утрово објави дека поради повреда на мускулот на ногата нема да може да го игра финалето, што би значело дека Медведев без борба ќе се закити со трофејот.

Ова е вкупно 22. пехар во кариерата на рускиот тенисер, интересно, сите 22 се освоени на различни турнири ширум светот.

Се вчитува...