Финалето во Светскиот куп во алпско скијање кое требаше да се одржи во италијанската Кортина Д’Ампецо во периодот од 18. до 22. март е откажано поради епидемијата од коронавирусот која ја зафати Италија.
Италијанската федерација се надеваше дека финалето во Светскиот куп ќе може да се одржи без публика, но на вонреден состанок на Меѓународната скијачка федерација одлучено е тоа да се откаже.
„Со големо разочарување мораме да ја прифатиме одлуката. Секој член од управата одлучи во однос на инструкциите кои се дадени од владата на државата во однос на коронавирусот“, изјави претседателот на Италијанската скијачка федерација, Флавио Рода.
До крајот остануваат уште само два викенда. Во машка конкуренција на врвот е Алексис Пинтуро, додека кај дамите во моментов водечка е Италијанката Федерика Брињоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА