Наполи сериозно размислува да му врачи отказ на Валтер Мацари, и да постави нов тренер, откако искусниот стратег не ги исполни очекувањата од Аурелио де Лаурентис.
Сега актуелниот италијанскиот шампион, кој нема да ја одбрани титулата во Серија „А“, сериозно размислува да му даде шанса на словачкиот селектор Франческо Калцона, кој што веќе ја прифатил понудата да го води тимот. Калцона веќе беше во Наполи во сезоната 2021/22 каде ја извршуваше функцијата технички директор.
Словечката федерација веќе му дозволила на Калцона да ја извршува и функцијата тренер на Наполи, но само до јуни, а потоа Италијанецот ќе ја води селекцијата на ЕП 2024, по кое ќе се одлучува за неговта иднина.
Во стручниот штаб на Наполи ќе биде и неговиот сонародник Марек Хамшик, кој што беше легенда на тимот од 2007 до 2019 каде забележа преку 400 настапи и постигна преку 100 голови. Тој ја заврши кариерата лани во дресот на Трабзонспор, и сега ќе се врати во Неапол во нова улога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА