Отказот за Просинечки е спремен, легендарен голгетер ќе биде нов селектор на Црна Гора

Веќе нема никакви дилеми, Роберт Просинечки неславно ќе ја заврши авантурата како селектор на Црна Гора, откако челниците на федерацијата решија да му врачат отказ на хрватскиот стратег по серијата слаби игри и резултати на оваа селекција. Седницата на Управниот одбор е закажана за петок, кога Хрватот и официјално ќе добие отказ од функцијата, а на негово место ќе биде именувано добро познато име во црногорската фудбалска јавност.

Мирко Вучиниќ ќе биде наследникот на Просинечки, легендарниот голгетер што имаше успешна кариера во Калчо-лигата воедно е и прв капитен по осамостојувањето на Црна Гора. Тој во последните години беше дел од стручниот штаб, собираше искуство, за челиците на федерацијата сега да му ја доделат одговорната улога на селектор на А-репрезентацијата.

Просинечки ја почна селекторската авантура со две победи над Белорусија и Македонија на тренинг-кампот во Tурција, но потоа следеше серија на слаби резултати на Црна Гора. Ќе остане запишано дека негов последен меч како селектор на оваа репрезентација беше поразот од Хрватска од убедливи 4-0.

Севкупно гледано, Просинечки ја водеше Црна Гора на вкупно 16 натпревари, на кои забележа пет победи, едно реми и десет порази.

Се вчитува...