Манчестер Јунајтед и Лестер веќе неколку месеци преговараат за трансферот на Хари Мегваер, кој се наоѓа на чекор до „Олд Трафорд“, но никако не може да биде постигнат конечен договор меѓу клубовите. Британските медиуми денеска го открија и проблемот во преговорите, поради што Мегваер се уште го нема облечено дресот на „црвените ѓаволи“.
Како што е веќе добро познато, Лестер бара 80 милиони фунти, со што капитенот на „лисиците“ би го урнал рекордот на Ван Дајк и би станал најскап светски дефанзивец. Јунајтед се согласил „пакетот“ да ја достигне оваа сума, но проблем е што „црвените ѓаволи“ би платиле само половина од парите при самото комплетирање на трансферот. Остатокот би бил врзан со неколку клаузули, од што најголемиот дел, над 20 милиони фунти, би му биле исплатени на Лестер доколку Јунајтед во следните три сезони обезбеди учество во ЛШ.
Челниците нa Лестер не сакаат да ризикуваат со толку висока сума и инсистираат да добијат најмалку 60 милиони фунти при потписот на договорот, а останатите 20 милиони да бидат распределени преку клаузули. Едно е сигурно, Мегваер ќе биде и повеќе од добредојден за Оле Гунар Солскјер, чии проблеми со одбранбената линија уште повеќе се зголемија со најновата повреда на Баи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА