Хакерска група под водство на „Анонимус“, објави список од 25 фудбалери кои користеле недозволени средства за време на Светското првенство кое се одржа во Јужна Африка, 2010 година. На листата се наоѓаат и познати ѕвезди како Карлос Тевез, Дирк Кајт, Марио Гомез, Валтер Самуел, Мауро Каморанези, Хуан Себастијан Верон. Хакерите успеале да украдат документи на „ВАДА“, со цел да докажат дека не се почитува правилото од антидопинг агенцијата за забрана на користење на допинг супстанци.
Руската хакерска група исто така тврди дека во 2015 година над 160 фудбалери добиле дозвола за настап и покрај тоа што биле позитивни на допинг тестовите. На тестирања во Англија кај тројца играчи се забележани супстанци на кокаин, додека еден фудбалер бил позитивен за користење на екстази. Поради спречување на голем скандал, списокот од 160 фудбалери е објавен без имиња, но со комплетни податоци каде, кога, и преку што се правени овие тестови.
ЛИНК ЗА СПИСОКОТ:
https://fancybear.net/pages/football.html
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА