Откриена бизарната причина зошто Теодосиќ е избришан од списокот на Србија за Евробаскетот

Бришењето на Милош Теодосиќ од списокот на српската репрезентација за настап на Европското првенство предизвика вистински шок во кошаркарската јавност. И, не само во Србија.

По неколкудневен молк од таборот на српската репрезентација и КСС, српски „Курир“ ја открива бизарната причина поради која 35-годишниот плејмејкер е избришан од селекторот Светислав Пешиќ.

Иако првично се шпекулираше дека се работи за кавга меѓу Теодосиќ и Пешиќ, сепак причината е тоа што капитенот Тео ја прекршил дисциплината во тимот, не почитувајќи ја саатницата за спиење која е одредена за сите кошаркари.

Официјално објаснување најверојатно ќе биде тоа што Теодосиќ и Мициќ не може заеднички да функционираат во тимот, па Пешиќ полека се решава од Теодосиќ кој е на крај од кариерата, сепак, се работи само за недисциплина како причина. Јавноста, пак, се уште очекува официјална информација од Кошаркарскиот сојуз на Србија.

Европското првенство ќе се одржи од 1. до 18. септември во Чешка, Грузија, Германија и Италија. Противници на Србија во групата Д ќе бидат Израел, Холандија, Финска, Полска и Чешка.

Се вчитува...