Откриена пораката со која Чави го привлекол Кунде во Барселона

Трансфер сагата за заминување на Џулс Кунде од Севилја и негов премин во Барселона или Челси од ден во ден добива се поголеми размери. Францускиот стопер беше на прагот на официјализација од страна на „сините“ со кој ги договори и личните услови, но тогаш на сцена на стапил Чави, пренесуваат шпанските медиуми.

Предводникот на Барселона до младиот фудбалер упатил порака со која му го променил ставот, а каталонски Спорт денеска ја објави и содржината на истата.

„Од тебе ќе направам најдобар стопер на светото во играта со топка. Со тебе во составот Барселона повторно ќе биде најдобар клуб на светот“, напишал Чави.

Засега е непознато колкава ќе биде обесштетата која Барселона ќе ја плати за услугите на 23-годишникот, но истиот медиум верува дека наскоро трансферот ќе биде официјален.

Се вчитува...