Откриена причината за уривањето на хеликоптерот на газдата на Лестер

Хеликоптерот на сопственикот на Лестер, Вичаи Шривадханапраба се урнал поради дефект на леталото, покажа конечниот извештај на филијалата за несреќи на авиони (ААИБ).

Извештајот е напишан на цели 209 страници, а отфрлена е грешка на пилотот, и установено дека падот е дефект на лежиштето на роторот на опашката на леталото, кое паднало по полетувањето. Во извештајот пишува дека несреќата била неизбежна без тој дел, односно дека пилотот не можел да стори ништо да избегне катастрофа.

Извештајот и обдукцијата покажал дека четири лица го преживеале падот, но дека починале како последица од пожар во леталото од истечено гориво.

Забележано е дека дефектот во лежиштето е абење на делот каде што било лежиштето на роторот.

Хеликоптерот на сопственикот на Лестер се урна во октомври 2018 година, кога покрај Шрифадханапраба, загинаа уште четири лица. Хеликоптерот бил од типот „Ајат“, а се урна веднаш по полетувањето од теренот на „Кинг Пауер“ и се урна во близина на стадионот.

Се вчитува...