Откриена тајната на Марадона – Пронајден „контејнерот“ со вистинско богатство

Во предградието на Буенос Аирес е пронајден „контејнер“ во кој се наоѓаат сувенири од богатата карирера и живот на легендарниот, Диего Армандо Марадона. Станува збор за складиште од вистинско „богатство“ по кое копнее секој собирач на фудбалски сувенири.

Меѓу бројните сувенири се наоѓаат дресови потпишани од Бразилецот Роналдо, Христо Стоичков, Хари Кејн, поранешниот зет Серхио Агуеро, „топки“ од јуниорите на Барселона, Наполи и Бока со потписите на соиграчите на Марадона. Меѓу скриеното „богатство“ е и плакетата што ФИФА му ја подари на Марадона кога го прогласи за еден од двајцата најдобри фудбалери на 20. век, заедно со Бразилецот Пеле. Зачувани се и фудбалските копачки што Марадона ги носеше на важни натпревари, дресовите на кои играше, но и гитарата на пејачот Андрес Саламар.

Славниот Аргентинец почина на 25 ноември на 61 година. Тој трошеше „немилосрдно“ пари во својот живот, но во исто време сè што ќе допреше претвораше во „злато“. Така ќе биде и по смртта. Марадона во една изјава откри за постоење на „ковчег“ од сувенири , но дека не може да каже каде се наоѓа.

„Марадона ме замоли да најдам „контејнер“ за да бидат сместени сите сувенири, а рече дека сè што ќе биде во него ќе припадне на неговите деца. Официјално, ништо не е запишано, па сè што беше најдено подеднакво им припаѓа на потомците на Марадона – изјави Мауро Бодри, адвокатот на Диегито Фернандо.

Судот во Буенос Аирес забрани кремирање на телото на Диего Марадона заради задржување на „ДНК“ неопходна за утврдување на неговите деца. Марадона има две ќерки од бракот со Клаудија и уште три признати вонбрачни деца. Во тек се уште шест „ДНК“ тестирања за неговото татковство.

Марадона не остави тестамент, па судот ќе мора да се справи со поделбата на имотот.

Се вчитува...