Новиот тренер на Челси, Енцо Мареска и дефинитивно се откажа од услугите на поранешниот репрезентативец на Англија, Рахим Стерлинг кој откако не одигра ниту минута на отварањето на новата сезона во Премиерлигата, не се најде во протоколот за натпреварот против Сервет во плеј-офот на Конференциската лига.
Стерлинг му се приклучи на Челси пред две години во трансфер вреден 57 милиони евра од Манчестер Сити, но не успеа да ги преслика добрите настап и на „Стемфорд Бриџ“ забележувајќи само 19 голови на 81 одигран натпревар.
Сепак, тоа воопшто не е причината поради која Челси сака да се ослободи од него. Како што тврди новинарот на „Скај спортс“, Кавех Солхекол, Стерлинг нема клаузула во неговиот договор според која би му се намалила платата доколку Челси не обезбеди место во Лигата на шампионите.
Стерлинг заработува месечно 1,2 милиони фунти, а има договор кој за Челси го врзува уште три години и наводно тоа е причината зошто клубот сака да се ослободи. Сите други фудбалери имаат клаузула за намалување на платата, но единствено Стерлинг успеал да ја избегне истата и сега е финансиски товар за клубот.
Кога е во прашање неговото евентуално заминување во Саудиска Арабија, наводно таа идеја никако не му се допаѓа и сака да остане во Англија заедно со своето семејство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА