Не одеше, не одеше, бодовите бегаа од нас како од ѓавол, во последните мигови. Но, „пукна ѓаволот“ против Лихтенштајн со триумфот од 0-3 во Вадуз, а вчера „црвено-жолтите“ славеа и втор триумф во серија, победувајќи ја Белорусија исто така убедливо, со 3-0 во Скопје. И сега, сите се прашуваат која е тајната…на селекторот Игор Ангеловски и на фудбалерите.
Тајната е откриена, и лежи во столчето на селекторот. Цела Македонија му го чува грбот, затоа што селекторот Ангеловски си го има македонското знаме на столчето на клупата. Тоа е прекрасен талисман, и веројатно ќе продолжи да го користи и на следните мечеви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА