Холандските медиуми на денешниот тренинг на репрезентацијата на Холандија ја открија тактиката на Франк Де Бур за утрешниот натпревар со Македонија во Групата Ц на ЕВРО 2020.
Зумирајќи ги белешките на селекторот Де Бур холандските медиуми откриваат дека нема да се менува со досегашната формација (3-5-2), а ќе има само две измени во стартниот состав.
На местото на Даниел Мален ќе игра Вегорст во нападот, а Грајвенберх ќе игра во средниот ред на местото на Де Рун.
Согласно информациите од холандските медиуми, „лалињата“ ќе настапот во следниот состав: Стекеленбург, Думфрис, Де Вриј, Де Лихт, Блинд, Ван Анхолт, Рајан Грејвенберх, Вајналдум, Френки Де Јонг, Мален, Мемфис Депај.
Een oplettende cameraman van de NOS zoomt tijdens de training van Oranje in op een briefje in de hand van assistent-trainer Dwight Lodeweges.
Zo te zien kunnen Donyell Malen en Ryan Gravenberch zich opmaken voor een basisplaats tegen Noord-Macedonië. https://t.co/fyjedTTBRt pic.twitter.com/J4fZM6ChBx
— NOS Sport (@NOSsport) June 20, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА