Поранешниот тренер на Јаник Синер и еден од одговорните за позитивниот допинг тест на Италијанецот, Умберто Ферара, зборуваше за настанот.
Синер моментално е суспендиран бидејќи минатата година за време на Индијан Велс имаше два позитивни допинг тестови.
Италијанецот бил позитивен на клостебол, а по првото објаснување дека оваа супстанца му влегла во телото при масажа преку рацете на физиотерапевтот Џакомо Налди светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (ЦАС), а Синер потоа беше суспендиран.
Ферара бил тој кој му дал препорака на Налди да користи спреј што ја содржи супстанцијата.
„Го користам со години како лек за хронично заболување. Бев совршено свесен за забраната и секогаш бев крајно претпазлив. Ништо не му дадов на Налди, му предложив да го искористи бидејќи имаше расекотина на прстот што не зарасна и му ја отежнуваше работата. Бев многу јасен кога му соопштив на Налди за природата на производот и потребата тој да не стапи во контакт со Јаникпоради која било причина. Налди не се сеќава, но рече дека бил информиран“, изјави Ферара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА