Уругвајските фудбалери не го кријат бесот по страшните сцени што се случија полуфиналниот дуел со Колумбија, кога Дарвин Нуњез и неколку репрезентативни колеги влетаа на трибините и влегоа во физичка пресметка со колумбиските навивачи на стадионот во Шарлот.
Дефанзивецот Хозе Марија Хименез обелодени што точно се случувало во тие неколку минути и што била причината за настанатиот хаос.
„Можеби нема да ми дозволат да го кажам тоа на снимена изјава, па затоа ќе зборувам додека програмата оди во живо. Одреден сектор од навивачите на Колумбија ги нападна нашите семејства кои беа на трибините. Ова е катастрофа, семејствата ни беа доведени во опасност и моравме да се качуваме по трибините и да реагираме за да ги заштитиме. Па на таа трибина имаше и неколку бебиња од по неколку месеци. А каде беше полицијата, на трибината каде нашите најблиски треба да се чувствуваат сигурно немаше ниту еден полицаец. Дојдоа триесет минути откако се случи инцидентот…. Сите натпревари се исти, нашите семејства патат поради луѓе кои ќе испијат три-четири чаши алкохол и не знаат да пијат. Не барам виновници, само сакам сето ова да престане да се случува бидејќи е катастрофа“, изјави уругвајскиот капитен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА