Џејдон Санчо се чини летово ќе го напушти Манчестер Јунајтед. Тоа сигурно ќе го стори ако Ерик тен Хаг остане во клубот, а како стојат работите во моментов, Холанѓанецот си „купи“ уште време со освојување на ФА Купот.
Крилниот фудбалер во моменотв настапува како позајмен во Борусија Дортмунд. Замина откако имаше несогласувања со тренерот, а Холанѓанецот тогаш велеше дека Санчо не се труди доволно на тренинзите.
Англичанецот ги демантираше овие најави на социјалните мрежи, а сега еден од тренерите открива дека всушност невкусни коментари на фудбалерот кон тренерот биле причината што Тен Хаг го изоставил од тимот. Наводно крилото упатувал жестоки критики кон тренерот откако овој се решил да не го стави на натпреварот со Арсенал, по што следуваше „бришење“.
Јунајтед го купи Санчо од Борусија Дортмунд за 85 милиони евра, но досега не ги оправдува вложените пари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА