Екипата на Челси пред седум дена го отпушти Томас Тухел после поразот од Динамо Загреб во првото коло во групната фаза во Лигата на шампионите, а медиумите во Британија откриваат се повеќе детали за разделбата на Германецот со новите сопственици на чело со Том Бојли. Наводно се барало само причина да биде сменет и да биде донесен друг тренер.
„Атлетик“ носи приказна дека Бојли во текот на претставувањето на новиот проект, од Тухел побарал да ја смени формацијата и да игра со друга тактика. Бојли барал од Челси да игра во формација 4-4-3, што е 11 играчи во поле, односно 12 на терен.
Се истакнува дека не е грешка, туку било очигледно дека новите сопственици не се запознаени со фудбалот. Иако извори блиски до клубот демантирале, сепак, се огласил поранешниот репрезентативец на Англија Рио Фердинанд.
„Од она што јас го знам, приказната околу формацијата 4-4-3 е вистинита. Сопствениците на Челси премногу се мешаа во работата на тренерот, а се знаеше дека Тухел тоа нема да може да го поднесе. Отказот можеше да се очекува“, рече Фердинанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

