Диего Армандо Марадона починал во агонија од пулмонален едем и болест на срцевиот мускул, изјави медицинскиот експерт на судењето во Буенос Аирес на седумте медицински работници обвинети за невнимание што довело до неговата смрт.
Обвинетите се гонат за „убиство со крајна умисла“, кое се карактеризира кога едно лице ќе изврши кривично дело знаејќи дека тоа може да предизвика нечија смрт.
Ним им се заканува затворска казна од осум до 25 години. Обвинети се неврохирургот Леополд Луке, психијатарот Агустина Косахова, психологот Карлос Дијаз, медицинскиот координатор Ненси Форлини, координаторот за медицински сестри Маријано Перони, клиничкиот лекар Педро Пабло Ди Спања и медицинската сестра Рикардо Алмирон.
За првпат се објавени резултатите од обдукцијата на поранешната фудбалска ѕвезда, кои откриваат дека Аргентинецот починал од акутен белодробен едем и болест на срцевиот мускул.
„Срцето на Марадона тежело речиси двојно повеќе од нормалното“, изјави форензичарот Маурисио Касинели, додавајќи дека вода се акумулирала во белите дробови на Марадона „најмалку 10 дена“ пред неговата смрт, што сигурно предизвикало „агонија“ најмалку 12 часа пред неговата смрт.
На ќерката на Марадона, Јана, и беше премногу тешко да ја слушне презентацијата, па ја напушти судницата пред да бидат прикажани експлицитните слики. а
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА