Откриени детали за договорот на Јамал: Откупна клаузула од 1 милијарда евра, ќе заработува 15-20 милиони годишно

Станаа познати детали на новиот договор на Јамал. Вчера крилниот фудбалер ја продолжи верноста со Барселона до 2031 година.

„Мундо Депортиво“ објавува дека откупната клаузула во новиот договор изнесува неверојатни 1 милијарда евра. Платата ќе се зголемува во согласност на неговите перформанси, а договорот вклучува и разни бонуси, како што се например со освојување на Златната топка.

Јамал ќе има плата од 8 милиони евра годишно, но ако се земат во предвид сите бонуси, тогаш таа може да достигне 15-20 милиони евра годишно, што ќе го направи најплатен играч во клубот.

Се вчитува...