Откриени детали зошто Јокиќ „збесна“ на клупата на Денвер: „По отказот на Мелоун…“ (ВИДЕО)

Промената на клупата на Денвер донесе значајни промени во соблекувалната на тимот од Колорадо. Меѓу нив, се издвојува новата улога на Никола Јокиќ, за која зборуваше неговиот соиграч Деандре Џордан.

Како гостин во подкаст, Џордан беше прашан што се промени кај српскиот центар по заминувањето на долгогодишниот тренер.

„Откако Мелоун беше отпуштен, што беше голем удар за нашиот тим и организација, тој знаеше дека мора да биде погласен. Ова е веројатно најмногу што сум го видел да биде вклучен, во смисла на вклучување во соблекувалната, пред натпреварот, на тајмаутите, на полувремето. Тој секогаш го правел тоа, но сега го прави многу повеќе. Тој знае дека тоа е важна работа“ – рече Џордан.

Одлуката за отпуштање на Мајкл Мелоун предизвика големо изненадување во НБА круговите, особено имајќи предвид дека се случи непосредно пред почетокот на плејофот.

„Да, никогаш не сакате да направите толку драстична промена пред плејофот. Ние го направивме тоа, ни помогна, и е одлично. Кога гледате од страна, тоа е голема промена, но може да биде позитивна и да донесе енергија. Од страната на Јокиќ, би рекол дека тој стана уште поголем лидер, вклучува повеќе луѓе во играта, и мислам дека тоа е нешто позитивно“ – вели Џордан.

Освен за посериозни теми, Џордан сподели и анегдота за Јокиќ.

„Смешно е да го гледаш возбуден, понекогаш сериозно збунува и ни кажува нешто на српски. Потоа му велиме: ‘Брате, ајде од почеток повтори го, но на англиски, ништо не те разбравме“ – се шегуваше Џордан.

Се вчитува...