Јирген Клоп го шокираше фудбалскиот свет со објавата дека на лето ќе го напушти кормилото на Ливерпул. Иако во своето обраќање до медиумите, кога најави дека на лето ќе ја напушти функцијата менаџер на Ливерпул, не кажа што ќе прави во иднина, излегоа детали околу неговите одлуки.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Марк Лоренсон, верува дека Клоп ќе се повлече на одредено време од фудбалот и ќе помине време со семејството на Мајорка.
„Не сум сигурен дека треба да го кажам ова, но тоа не е толку голема тајна. Тој има куќа во Мајорка. Имам куќа недалеку од него, го видов после натпревар и го прашав: „Како е во куќата“. Само ми рече, „страшно е што сè уште не е готова, а јас ги плаќам сите сметки“, изјави Лоренсон.
Клоп купи куќа во Мајорка во 2022 година за четири милиони евра од швајцарскиот бизнисмен и уметник Ролф Кни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА