Откриени платите: Меси добива двојно повеќе „бруто плата“ од Роналдо

Лионел Меси е фудбалерот со убедливо највисока „бруто плата“ во светот, откри францускиот весник „Л’Екип“ во своето денешно издание, обелоденувајќи ја листата од најплатени светски фудбалери.

На врвот од оваа листа е суперѕвездата на Меси со месечна плата од 8,3 милиони евра, што е речиси двојно повисоко од заработувачката на Кристијано Роналдо. Трет на ранг-листата на најплатени фудбалери е Антоан Гризман од Атлетико Мадрид со бруто плата од 3,3 милиони евра месечно, зад кого се наоѓа Нејмар со 3,06 милиони евра.

Зад Нејмар следат уште тројца фудбалери од Примера дивизион, Луис Суарез со 2,9 милиони, Герет Бејл со 2,5 милиони и Филипе Кутињо со 2,3 милиони евра месечна бруто плата, а Топ 10 листата ја комплетираат Алексис Санчез (2,28), Килијан Мбапе (1,73) и Месут Озил (1,6 милиони евра).

Се вчитува...