Откриени платите на Ф1 возачите за оваа година: Огромна разлика

Откриени се платите на возачите во Формула 1 за следната натпреварувачка сезона. По тестирањето на болидите, возачите ќе го имаат својот прв старт на Големата награда на Австралија (трката на 16 март) во сезона која ќе има 24 застанувања и ќе заврши со Големата награда на Абу Даби (трка на 7 декември).

Бранителот на титулата е Макс Ферстапен, возачот на Ред Бул кој освои четири светски шампионски титули во Ф1 од 2021 до минатата година. Холанѓанецот е и најплатен возач во календарската година со плата проценета на 65 милиони американски долари.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон ќе има пет милиони долари помалку откако се пресели од Мерцедес во Ферари, што му ги зголеми приходите за околу 10 милиони евра, тврди порталот „Рејсинг њус 365“.

Но, платите на најнеатрактивните возачи, не изгледаат толку луксузно. Неискусните возачи на дното на оваа табела се со плата од половина милион долари до милион долари.

Се вчитува...