„Откриено е дека Леброн Џејмс спие со мајка на негов соиграч“ – се огласи и сопругата на „Кралот“ (ФОТО)

Семејството Џејмс испиша нова историја во НБА лигата откако постариот син на Леброн, Брони беше одбран од страна на Лос Анџелес Лејкерс како 55. пик на втората рунда на овогодинешниот драфт со што за прв пат во најсилното кошаркарско првенство татко и син ќе настапуваат заедно за еден тим.

Веднаш по оваа информација на социјалните мрежи се појавија голем број на шеги поврзани за Леборн и Брони Џејмс, а една од нив постана вирална и стигна и до сопругата на Леброн, Савана Џејмс.

„Откриено е дека Леброн Џејмс спие со мајка на негов соиграч“, напиша Стивен Чеа, објава која Савана Џејмс ја сподели на својот Инстаграм профил и реагираше со емоџија.

Се вчитува...