Откриено е каде ќе живее Новак Ѓоковиќ по крајот на кариeрата

Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан во српска емисија одново говореше за својот син, а овој пат откри и каде тој ќе живее по крајот на богатата кариера во која освои 24 грен-слем титули, а од неодамна и олимпиското злато.

Според таткото на Новак, тој ќе живее во главниот град на Србија, Белград каде ќе добие и свој музеј.

„Што е до мене, тој ја заврши спортската приказна. Ќе игра на уште неколку турнири, но мислам дека докажа дека е најдобар спортист на сите времиња. 

Брзо ќе биде изграден и негов музеј во Белград, покрај музејот на Никоа Телса, најголемиот гениј на сите времиња. Моите деца се родија тука и Новак кога ќе ја заврши кариерата ќе живее во својот Белград, во својата Србија“, вели Срѓан.

Се вчитува...