Откриено е каква функција ќе има Златан Ибрахимовиќ во Милан

Милан се наоѓа во резултатска криза, а челниците на клубот се надеваат дека ќе успеат да го вратат победничкиот менталитет во екипата враќајќи го Златан Ибрахимовиќ назад меѓу „росонерите“.

Преговорите за камбек на Ибрахимовиќ, овојпат како дел од клупската управа траат речиси два месеци, но последните состаноци дале значителен напредок во разговорите. Ставот на Златан бил јасен од самиот почеток, тој не сакал да фигурира само како име туку мора да има и свој глас во носењето на одлуките во клубот.

Иако сопственикот Гери Кардинале најпрвин не размислувал во тој правец, првиот човек на Милан во меѓувреме се премислил и генерално ги прифатил барањата на легендарниот голгетер. Италијанските медими откриваат и каква функција ќе има Ибракадабра – тој ќе биде оперативец во спортското функционирање на екипата, при што за својата работа ќе одговара директно на Кардинале и на ниту еден друг член на бордот на директори на „росонерите“.

Се очекува договорот да биде официјализиран до крајот на оваа седмица, по што Златан повторно ќе се врати во Милан, клубот во кој ја заврши својата професионална играчка кариера.

Се вчитува...