Натпреварот во Лисабон помеѓу Бенфика и Реал Мадрид, привлече огромно внимание поради скандалот кој се случи по спектакуларниот гол на Винициус во 50. минута.
Бразилецот постигна спектакуларен гол, но реши да го прослави пред навивачите на домашниот тим.
Секако, почнаа навредите и расистичките скандирања, а потоа Бразилецот слушна дека играчот на Бенфика, Престијани, го нарекол „мајмун“, поради што веднаш го напушти теренот.
Тој го пријавил ова кај главниот судија и отишол на клупата. Имаше 10 минути прекин, по што мечот продолжи, но арбитарот почна посебен протокол при вакви случаи.
🚨🚨| Prestianni said to Vinicius Junior:
‘ Monkey! Monkey! ‘ pic.twitter.com/Vf3TtBBrfJ
— Goals Side (@goalsside) February 17, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

